5 препорачани 3D стратегии за GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 11 Септември, 2008 - 10:02.
Игри

Уште една содржина во која се опишуваат 5 real-time стратегии за GNU/Linux.

100 најкорисни слободни апликации

Испратено од А.Балаловски во 9 Август, 2008 - 13:36.
Секакви

На UbuntulinuxHelp се појави статија во која се наведуваат 100те најкорисни апликации за корисниците на GNU/Linux. На овој начин сакаат да им помогнат на корисниците кои бараат софтвер за конкретни потреби. Апликациите се поделени во категории, што дополнително ја олеснува работата.

OpenOffice.org 3.0 Beta 2

Испратено од А.Балаловски во 18 Јули, 2008 - 10:46.
OpenOffice

OpenOffice.org ја дочека својата нова бета верзија пред официјалното главно издание на OpenOffice.org 3.0.

Новитети во оваа бета се неколку. Управувачот за екстензии вклучува можност за уредување на речниците, како и редица други подобрувања на различни модули. Повеќе информации има овде, а симнување овде.

Излезе Linux 2.6.26

Испратено од А.Балаловски во 18 Јули, 2008 - 10:42.
::
Linux

Неодамна излезе новата верзија на Linux јадрото, верзија 2.6.26.

Има многу повеќе драјвери, зголемена поддршка за OLPC, поддршка за x86 PAT, PCI Express ASPM итн. Официјално известување можете да прочитате овде, а повеќе детаљи за измените овде.

Firefox 3

Испратено од А.Балаловски во 17 Јуни, 2008 - 18:07.
::
Firefox

Денес излезе Firefox 3.0.

Честитки за сите корисници на најпопуларниот прелистувач и едно мало потсетување. Ако сте ветиле да го симните Firefox 3.0 со што ќе помогнете регистрирање на гинисов рекорд за најпреземен софтвер, можете да го сторите преку официјалниот сајт за преземање.

Firefox 3 забава во Точка!

Испратено од Арангел во 16 Јуни, 2008 - 12:00.
::
Firefox

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет.

Преземете го Firefox 3 утре учествувајте во поставувањето на гинисов светски рекорд за најпреземен софтвер од интернет. Пријавување тука.

Се гледаме во Точка!

Време е за Wine 1.0!

Испратено од Теодор во 14 Јуни, 2008 - 00:06.
::
Wine

Wine  е слободна Win32 имплементација преку која се овозможува Windows апликации да  можат да работат под GNU/Linux. Исто така во себе содржи и голема „библиотека“ позната како Winelib, која е изворот на можностите кои Wine ги нуди. По петнаесет години развивање, најомилениот софтвер за употреба на програми од Windows на GNU/Linux е конечно готов.

Alexandre Julliard соопштува дека Wine 1.0 треба да биде пуштен во употреба по својот петнаесетти роденден на 20 јуни. Овој софтвер ќе има подршка за над 1300 Windows  апликации кои без проблем ќе можат да работат под GNU/Linux. При овој коментар Alexandre Julliard додава „Има уште многу да се работи, но Wine 1.0 е далеку подобар со многу поголема подршка од претходните верзии, па сепак вреди да се проба“.

Google Gadgets под GNU/Linux, и тоа слободни!

Испратено од А.Балаловски во 6 Јуни, 2008 - 10:43.
::
Google

Google продолжува да изненадува. Покрај фактот што пред некој ден компанијата објави дека нивниот фрејворк за десктоп елементи (геџети?) Google Gadgets е достапен за GNU/Linux работните околини, денес стигнува веста дека сето тоа ќе биде направено под капата на слободен софтвер, што значи дека Google Gadgets од денес се слободен софтвер.

Еве еден преглед на веста од Arstechnica.

Big Buck Bunny, вториот слободен филм

Испратено од А.Балаловски во 6 Јуни, 2008 - 10:37.
Филмови

Big Buck Bunny, т.е. вториот слободен (слободен како во „слободен говор“ -лиценциран според моделот на CreativeCommons) филм направен од продукцијата на фондацијата Blender, која неодамна го извади Elephant’s Dream, е достапен за симнување. Краток 3D филм кој нема да ги остави рамнодушни ни малите ни големите. Големиот бел зајак решава да воспостави мир и ред во околината која ја реметат 3 мали немирковци.

Доколку сакате да го поддржите проектот можете да купите DVD.

RevolutionOS во Точка - 28.05.08

Испратено од Арангел во 27 Мај, 2008 - 14:13.
Филмови

Не мислиме дека е потребна посебна најава на овој филм. Документарецот за GNU и Linux, кој е своевидна класика е на програмата на ова Кино. За оние што не знаат овој филм ја следи историјата на развој на слободен софтвер, GNU и Linux, од нејзините акaдемски почетоци до големиот бизнис развој.

Како што вели постерот, гледањето е задолжително. Не го пропуштајте. Kултурeн центар Точка во 20 часот.