За сајтот

Испратено од Администратор во 2 Декември, 2004 - 08:37.
::

www.linux.net.mk е портал за вести кој што постои од веќе далечната 2000 година. Со помош на неколку упорни GNU/Linux ентузијасти и малата (но растечка) GNU/Linux заедница во Република Македонија, овој веб сајт одигра важна улога во распространувањето на слободниот софтвер во нашата земја во изминативе неколку години. По добивањето на новиот систем и дизајн, во 2004 година, linux.net.mk останува најдоброто место за вести, упатства, колумни и прегледи поврзани со слободниот софтвер и оперативниот систем GNU/Linux на македонската мини-интернет сцена. Луѓето кои што работат на www.linux.net.mk тоа го прават доброволно и без никаков надоместок. Во мај 2007 година, сајтот добива нов хостинг, и надградба на најновата верзија на Drupal, заедно со надградба на темата и користените модули.

Ако сте заинтересирани да му се приклучите на тимот и активно да придонесувате во ажурирање и подобрување на www.linux.net.mk испратете ни порака.

Екипа: