Колумни

нема

Визија, дали микрософт воопшто ја има?

Испратено од ufo во 30 Мај, 2004 - 18:45.
Колумни

Вчера се отвори овогодишната конференција Визија, организирана од Microsoft. Сега секако ќе прашате, каква врска има оваа вест со Linux заедницата кај нас. Па и не би требало да се замарам со работењето на една компанија, и начинот на кој она остварува профит, се рекламира и сл. но тоа секако дека важи само доколку таа компанија не влијае директно со нејзините активности на квалитетот на мојот живот.

Да почнам од почеток, таму се појавив чисто добро намерно, со цел да дознаам што се новите случувања во светот на Microsoft, да ја слушнам нивната перспектива за актуелностите поврзани со нашата држава, и да се обидам да осетам какви им се натамошните планови, бидејќи да бидеме реални (колку и да не сакаме тоа да го признаеме како сурова реалност) многу работи во македонската IT индустрија зависат и уште повеќе во блиска иднина ќе зависат директно или индиректно од идеите за развој на Microsoft. И така си го сместив г`зот во тврдата столица на најгорниот ред во универзалната сала, се свртив према бината, и обидувајќи се да гледам низ рефлекторите и конструкцијата над бината, во малата говорница чекав да се појави првиот говорник. И се си започна така гламурозно и убаво, како што и би можело да се очекува од една компанија од таков ранг. Почна гласноговорникот да кажува вицови, да ги претставува своите први гости во својата „дневна соба“ и глеј, се појавува Ребека. Не дека имам нешто против девојчето, напротив баш е пријатна гледка, но каква врска има она со збиднувањата во ИТ индустријата.... добро подоцна ми стана малку појасно, си направила она некое мултимедијално ЦД, па тоа е врв на достигнувањата на ИТ во музичката индустрија во Македонија, нормално е дека мора да се појави, си направија малку муабет си поприкажаа, и дојде времето за вториот гостин.

Зошто на Македонија и треба слободен софтвер ?

Испратено од Riste Pejov во 24 Октомври, 2003 - 18:07.
Колумни

Многумина не би се сложиле со мене затоа што секој може да појде до најблиската пиратџилница каде што за 100 ден. ќе си купи Windows, Office, Photoshop, и уште многу слични програми кои може би му користеле во работењето со неговиот персонален сметач. Но кога веќе Македонија тргнала по патот на вклучување со Светската Трговска Организација, веднаш на врат ќе ни се закачат адвокатите на Микрософт, како нај оштетен од целата тековна ситуација во нашава држава. Едноставно немаме доволно капитал за да си дозволиме да купуваме софтвер кој вреди (а можеби и не) илјадници евра.

Замислете си само колку има персонални сметачи низ сите владини институции кои треба да имаат некаков оперативен систем, пакет за канцелариско работење, апликација за електронска пошта, а да не ги спомнуваме големите сервери за бази на податоци кои треба да чуваат милиони записи и да бидат функционални 365 дена во годината. Според некои мои проценки, кои што нормално можеби и не се толку реални, цената за опремување на еден персонален сметач со оперативен систем и пакет за канцелариско работење (MS Windows 2000 Professional + MS Office 2000 Professional) би била околу 1000 евра. Да да, добро прочитавте илјада евра, и тоа со апстрахирање на потребите за инцидентна обработка на слики. А замислете си само колкава инвестиција би била потребна кога би имале некоја компанија од средна големина со потреба од сервер за бази на податоци ( MS SQL Server 2000) и недајбоже развојни алатки за истите (MS Visual Studio)

Зошто на Македонија и треба слободен софтвер ?

Испратено од Riste Pejov во 24 Октомври, 2003 - 18:07.
Колумни

Многумина не би се сложиле со мене затоа што секој може да појде до најблиската пиратџилница каде што за 100 ден. ќе си купи Windows, Office, Photoshop, и уште многу слични програми кои може би му користеле во работењето со неговиот персонален сметач. Но кога веќе Македонија тргнала по патот на вклучување со Светската Трговска Организација, веднаш на врат ќе ни се закачат адвокатите на Микрософт, како нај оштетен од целата тековна ситуација во нашава држава. Едноставно немаме доволно капитал за да си дозволиме да купуваме софтвер кој вреди (а можеби и не) илјадници евра.

Замислете си само колку има персонални сметачи низ сите владини институции кои треба да имаат некаков оперативен систем, пакет за канцелариско работење, апликација за електронска пошта, а да не ги спомнуваме големите сервери за бази на податоци кои треба да чуваат милиони записи и да бидат функционални 365 дена во годината. Според некои мои проценки, кои што нормално можеби и не се толку реални, цената за опремување на еден персонален сметач со оперативен систем и пакет за канцелариско работење (MS Windows 2000 Professional + MS Office 2000 Professional) би била околу 1000 евра. Да да, добро прочитавте илјада евра, и тоа со апстрахирање на потребите за инцидентна обработка на слики. А замислете си само колкава инвестиција би била потребна кога би имале некоја компанија од средна големина со потреба од сервер за бази на податоци ( MS SQL Server 2000) и недајбоже развојни алатки за истите (MS Visual Studio)

Помошник за закоравени Windows корисници

Испратено од ufo во 21 Октомври, 2003 - 18:49.
Колумни

Како што расте популарноста на Linux, многу од Windows корисниците почнуваат да го забележуваат. Кога ќе се земе во обзир неговата легендарна стабилност, сигурност, и ниската цена (ова секако од аспект на се попопуларната легализација на софтверот во нашата држава) резултатот е очигледен. Сепак за некој закоравен Windows корисник, тешко е да се направи првиот чекор. Од каде да се почне? Во овој натипс ќе ги објаснам основинте работи кои се потребени за да се започне миграцијата према Linux базираните системи, и ќе се обидам да ги разбијам или предочам некои од легендарните мистерии кои го опкружуваат овој оперативен систем.

Доколку размислувате за менување на оперативниот ситем, но сте загрижени за гњаважата на инсталирањето на нов оперативен систем, тогаш не сте сами. Постои еден општо познат мит кој тврди „Linux is only for geeks,“ но тоа тврдење во последно време се помалку и помалку држи вода. Вистина е дека порано (пред неколку години) беше потребно доста високо ниво на технички познавања за да може успешно да работите на Linux, и доколку сакавте нешто да постигнете тогаш требаше да знаете како да работите од командната линија. Овој начин на работа беше неприфатлив за многу од Windows корисниците кои се навикнати на point&click начин на работење.

Дали бизнис моделот на Микрософт може против ГНУ/Линукс и сс�

Испратено од Riste Pejov во 30 Септември, 2003 - 18:51.
Колумни
До денес, одличната бизнис стратегија на Микрософт успеа да ги победи скоро сите негови конкуренти. Но со појавата на Linux оперативниот систем и софтверот со отворен код, Микрософт не се соочува со нов конкурент, туку со целосно различен бизнис модел. Конкурентноста е позитивна во секој бизнис. Само на тој начин клиентите добиваат поквалитетен производ и подобра услуга. Во конкретниот случај, најголема придобивка имаат клиентите на Микрософт. Самиот Микрософт од страв дека ќе ги изгуби сегашните клиенти мора да посвети повеќе внимание на квалитетот на своите производи како и на услугата што ја нуди. Стандардна пракса во Микрософт е да се учи бизнис праксата на своите конкуренти, и со помали адаптации да ги прифаќа како свои. Се надевам дека ова беше доволно милозвучно затоа што вистинскиот израз би бил „крадење“ наместо прифаќање. Крајниот резултат е одличен за сите освен за конкурентите на Микрософт. Придобивките се секако големи и за клиентите на МС кои добиваат нови производи, како и за клиентите на конкуренцијата, која мора да вложи многу за да ги задржи.

1000 Зошто (OpenOffice), 1000 Затоа (MS Office)

Испратено од Riste Pejov во 30 Април, 2003 - 18:55.
Колумни
Имено, се работи за една нова и многу досадна бубачка кој ја донесе со себе Service Рelease 1 верзијата при работа на Windows 2000. Микрософт веќе сугестираше едно решение при кое треба да чепкате низ registry-то, за што и самите велат "користете го Registry Editor на ваш сопствен ризик". Ние имаме многу посуптилно и елегантно решение во 2 чекори. Избришете го MS Office, и инсталирајте OpenOffice. Доколку не сакате да се мачите да го превземате од интернет, обратете ни се, веднаш ќе ви го доставиме.

Digital Rights Management

Испратено од Riste Pejov во 30 Март, 2003 - 18:55.
Колумни
Дали сте спремни за 11-тата реинкарнација на Мефистофел, или попознат како MS Office? Само што налетав на неколку слики од бета верзијата на овој софтверски пакет, и богами почна да ми чури низ ушите, а малку фалеше за да земам еден огромен транспарент и на него да напишам "Били фала, не пушиме". Причината е многу едноставна, најновата верзија започнува со користењето на еден суптилен и постепен начин на контролирање на вашите документи, е-маил пораки, бази на податоци, и што ли уште не. Основните предиспозиции што треба да ги исполнувате, за да може Микрософт да ви диктира што и како да правите со вашиот персоналец, се: да употребувате еден од нивните супериорни и безбедни оперативни системи, одличниот стабилен и сигурен веб пребарувач (Немојте ни да помислите на нешто друго освен Internet Explorer), и во улога на црешата врз шлагот Windows Rights Management Client Beta 2.

Расподажба во Микрософт, попуст до 90%

Испратено од Riste Pejov во 30 Ноември, 2002 - 18:46.
Колумни
Новата стратегија на Микрософт им наложува на своите препродавачи во случај на присуство на Линукс, веднаш да се јават за специјален попуст. А доколку се работи за некој тврдокорен менаџер, може и гратис. Доколку сеуште добро ве служи памтењето, а богами и големината на вашиот буџет за Информатичка технологија, тогаш мала е веројатноста дека сте заборавиле на лиценцната програма што Микрософт ни ја претстави ова лето. Со оваа нова лиценцна програма Микрософт успеа да ги покачи цените на лиценците за своите софтверски производи од 33 до 107 проценти. На оние што веќе имаат заглавено со секојдневно закрпување на Windows и IIS бидејќи и самите незнаат колку многу закрпи имаат применето, не им беше исплатливо сето тоа закрпување да го фрлат во вода и да преминат на Слободен софтвер, туку едноставно ја проголтаа новата политика на севишниот Микрософт, мрморејќи во своите канцеларии. Во секој случај, големите корпорации и не смеат да си дозволат да ја менуваат целата ИТ структура секој втор ден, така што решија да ќутат и да продолжат со крпење на cutting-edge производите на Били. И самиот Гејтс сигурно стигнал до заклучокот дека банките, адвокатите, брокерите и корпорациите со слична структура, заработуваат премногу благодарение на неговите "супериорни" софтверски производи, па реши да ги крене цените. А можеби и му требала некоја милијарда во резерва, за борбата против ХИВ вирусот.

Страв од непознатото

Испратено од ufo во 30 Јануари, 2002 - 18:53.
Колумни

Најчеста причина поради која корисниците не се стремат кон Linux е стравот од тоа што ќе застане пред нив, дали тоа ќе е комплицирана машинерија која работи како склоп само од конзолски команди, или пак некоја интересна GUI средина препоплна со позадини и screen saver-и, способна за играње на триста пеесет и шест fps игри и две стратегии.

Често пати, се случило некој да си инсталира некоја од Linux дистрибуциите, па после првото појавување на Kernel Panic...да почнат, „Ете колку е стабилен Linux-от!!“. Арно ама ние овде во светов, сме навикнати да Информатика го нарекуваме само постоењето на ЕДЕН оперативен систем, со EДНА визуелна средина за програмирање, со класични прозорци и голем колорит на бои. А информатиката е многу повеќе од тоа. Ако ги земеме основите на Информатиката, заприметуваме дека горенаведеното нема врска со правата дефиниција за таа наука. Ама навикнале луѓето да притискаат и да им излегува, и да копираат и да им се пастира, па сега се подуплашиле кога виделе дека за инсталација на некој софтвер треба целосна компилација на изворниот код. И така си рекле: „Абе нека седи Linux-от инсталиран на другата партиција, а ќе си работам Windows, ако ме праша некој, ќе му покажам дека “работам“ со Linux. Го имам...“. Е тука не разбираат една работа.