Како да си го вратите класичниот Gnome2 интерфејс во Ubuntu11.10

Испратено од Марко Дода во 5 Април, 2012 - 19:10.
::
Ubuntu
Ubuntu 11.10 доаѓа со Unity графичкиот интерфејс базиран на Gnome3 десктоп околината кој е радикална промена од класичниот Gnome2. Доколку ги сакате двата панела назад тоа е многу едноставно. Инсталирајте го пакетот gnome-session-fallback со sudo apt-get install gnome-session-fallback Потоа во додадете го следниов извор ppa:jconti/gnome3 и апдејтирајте ја листата на пакети sudo add-apt-repository ppa:jconti/gnome3 && sudo apt-get update и додате го следниов пакет кој содржи поправки за системската лента sudo apt-get install indicator-applet-complete Одлогирајте се и од менито со сесии (Мал запчаник) одберете Gnome Classic или Gnome Classic (Nо Еffects), Gnome Classic без ефекти троши помалце ресурси додека пак првиот избор ви нуди подобар изглед и некои интересни опции за поефикасно работење. Сега доколку сакате да додате аплети на панелот стиснете Alt + Десен клик врз панелот.b

Тест

Испратено од Иван во 23 Ноември, 2010 - 21:56.
Секакви
РСС фидот беше расипан. Би требало сега да е во ред.

Промоција на Firefox 3.5

Испратено од Арангел во 3 Септември, 2009 - 14:54.
::
Firefox

Mozilla Македонија е заедница од луѓе кој веруваат во моќта на технологијата со цел подобрување на животот. Се залагаме за подобрување на искуството додека се наоѓате на глобалната мрежа – Интернет. Проектитие кои ги промовираме се Open Source што значи кодот е слободен за користење од страна на секого, и до сега е употребен во голем број иновативни проекти.

Како за пример ќе ја земеме промоцијата на Firefox, интернет прелистувач кој можете да го преуредите според вашите потреби, со цел полесно да пребарувате, и да го направите онаков каков што вие сакате да биде.

Нашето општество претставува виртуелна Mozilla организација која што е независна од вработувања. Водството во организацијата потекнува од почитта: колку што повеќе ќе придонесете во организацијата, поголемо ќе биде Вашето влијание.

FOSDEM 2009: Linux, Mozilla, MySQL и многу повеќе

Испратено од А.Балаловски во 12 Јануари, 2009 - 19:25.
Слободен софтвер

На 7 и 8 Февруари, преку пет илјади развивачи на слободен софтвер ќе  се соберат на Слободниот универзитетот Брисел (Université Libre de Bruxelle), во Солбош кампусот за деветтата годишна FOSDEM конференција. Оваа година воведните предавачи ги вклучуваат Марк Шурман (Mark Surman, извршен директор на Фондацијата Мозила), Бдејл Гарби (Bdale Garbee, проектниот секретар на Дебиан) и Лесли Хауторн (Leslie Hawthorn, Гугл Лето на кодот).

Лугархија бр.2

Испратено од Арангел во 15 Ноември, 2008 - 14:31.
Секакви
Излезе вториот број на месечниот изајн Лугархија. Некои од темите покриени во овој број се:
  • VPN
  • GNU Privacy Guard
  • DHTML
  • Jabber речници
PDF датотеката можете да ја преземете тука.

Излезе Ubuntu 8.10

Испратено од А.Балаловски во 30 Октомври, 2008 - 23:48.
::
Ubuntu

Android, официјално слободен софтвер

Испратено од А.Балаловски во 22 Октомври, 2008 - 12:07.
::
Google

По многуте навестувања, без воопшто да се двоумат, Google го издава кодот на Android, платформата за мобилни уреди, како слободен софтвер лиценциран под ASL (Apache software license).

Пред извесно време, T-Mobile го објави и нивниот мобилен телефон кој ја користи Android платформата, T-Mobile G1, со што стана првиот телефон кој го користи овој софтвер. Во иднина се очекуваат многу други производи кои ќе ја користат оваа платформа, и многу повеќе забава во развивањето на софтвер за мобилните уреди.

Лугархија бр.1

Испратено од Арангел во 15 Октомври, 2008 - 11:38.
Секакви

Лугархија претставува првиот месечен хакерски eZine кој од месец октомври 2008г. започнува со редовно издавање.

На „Лугархија“ може да се гледа како на магазин во кој ќе бидат разгледувани тематики околу слободниот софтвер, развој на софтвер, активизам и идеологија. Во обид да се рашири зборот за него, ќе биде печатен ограничен број примероци од секое издание кој најверојатно ќе биде разделен по средните школи во Битола, а по потреба и во други градови низ Македонија.

Првиот број на лугархија можете да го преземете тука.

Излезе OpenOffice 3.0

Испратено од Игор во 14 Октомври, 2008 - 13:32.
OpenOffice

Среде досега невидена побрарувачка за некој канцелариски пакет, развојниот тим на OpenOffice и заедницата на програмери ширум целиот свет ни ја испорачаа верзијата 3.0.

Моментално страницата е под опсада од многубројните корисници кои се обидуваат да ја симнат најновата верзија од нивниот омилен слободен канцелариски пакет.

Повелете и вие.

5 препорачани 3D стратегии за GNU/Linux

Испратено од А.Балаловски во 11 Септември, 2008 - 10:02.
Игри

Уште една содржина во која се опишуваат 5 real-time стратегии за GNU/Linux.