Федора Кор 4: тест 1

Испратено од Арангел во 16 Март, 2005 - 15:28.
::
Fedora
Првата тест верзија на Федора Кор 4 е веќе достапна за преземање на FTP серверите на Ред хат. Новитети во Федора Кор 4 се „GCC 4.0“, Гном 2.10, КДЕ 3.4 како и поддршка за „PPC (PowerPC)“ архитектурата. Директно преземање тука. Торенти тука. Грешки можете да пријавувате преку „Bugzilla“.

Опции за преглед на коментарите

Изберете го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликнете „Зачувај поставувања“ за да ги активирате Вашите промени.
Испратено од Зоки во 16 Март, 2005 - 18:20.
  Ова е добра вест, но не ја знам политиката на федора околку најновите софтвертски пакети (односно графички околини). Мислам дека не би требало да ги стават kde 3.4 и Gnome 2.10 поради можните грешки (овие графички околини сеуште не се добро тестирани, а kde сеуште ја нема објавено официјално верзијата 3.4). Според мене ова е голема грешка доколку некој би сакал да има стабилен Линукс ситем.
Испратено од Арангел во 16 Март, 2005 - 18:42.
Во насловот на веста пишува „тест“. Зоран, сфаќаш? :) Настрана од тоа, не знам за КДЕ 3.4, ама Гном 2.10 е многу стабилен уште од кога искочи.
Испратено од Арангел во 16 Март, 2005 - 18:51.
За да не бидам недоволно јасен ќе пробам да објаснам малку повеќе. После тест 1, следи месец и повеќе тестирање. За ова време се пријавуваат бубачки и се исправуваат грешки. После ова доаѓа тест 2 која што барем досега според моето искуство секогаш е доста постабилна од кецот. После двојката доаѓа тест 3 и веќе кога ќе се среди тројката, на неколку дена пред објавувањето на финалната верзија имате прилично средена нова (тест3) верзија на Федора. „Прилично“ зашто никогаш неможат да се отстранат сите грешки. Тоа е тоа од прилика. Со надградбите кои што ќе излегуваат во текот на една недела по објавувањето на финалната верзија ќе добиете оперативен систем на кој што можете да се потпрете без никакви проблеми во наредните неколку години.
Испратено од Зоки во 16 Март, 2005 - 19:04.
Благодариме за објаснувањето но сепак мислам дека треба да почекат. Тоа е мое мислење, да не избрзуват. Но од друга страна добро ќе е да се проверат и најновите работи.