Среќен роденден кума лисо

Испратено од Владо во 10 Ноември, 2005 - 12:23.
::
Firefox
Вчера на 09.11.2005 се наврши една година од излегувањето на првата официјална верзија на огнената лисица. Од тогаш ја имаат преземено 106,4 милиони пати, што според едни е 8,65%, а според други дури 11,5% од светскиот пазар. За неколку недели ќе излезе и втората главна верзија 1.5 која веќе се тестира од околу 500.000 корисници. Ако сакате да бидете еден од нив симнете си ја од тука. Верзијата 1.5 носи со себе многу подобрувања меѓу кои нај главни се автоматско ажурирање со кое веќе нема да морате да го симнувате целиот пакет на Фајрфокс кога ќе излезе нова верзија, побрзо исцртување на страниците, сигурносни поправки... За наредниот период се најавува агресивен развоен циклус, така да во средината на 2006 ќе имаме веќе Фајрфокс 2, а Фајрфокс 3 ќе излезе во првата четврина на 2007 година. Не знам кој друг софтвер направил таков пробив во светски рамки за толку кратко време, а вие?

Опции за преглед на коментарите

Изберете го посакуваниот начин за прикажување на коментарите и кликнете „Зачувај поставувања“ за да ги активирате Вашите промени.
Испратено од Арангел во 10 Ноември, 2005 - 21:14.
Епа ајде, супер, браво, пример за успешно реализирана маркетинг идеја, лошо е што луѓето што работат на развојот се премногу лошо нафурани и не праат ништо за да им ја олеснат работата на останатите придонесувачи. Ај да го скршам мразот по 990ти пут со коментариве. :)