Излезе Мозила Фајрфокс 1.5

Испратено од Владо во 30 Ноември, 2005 - 08:57.
::
Firefox
Денес конечно излезе верзијата 1.5 на Фајрфокс. Извадок од новостите во неа:
  • Автоматско ажурирање со нови верии, па сега нема веќе потреба за целосно симнување на новата верзија, се симнуваат само промените;
  • побрза навигација на прелистувачот, со преработени Напред/Назад функции;
  • повлечи/испушти преуредување на јазичињата во прелистувачот;
  • подобро блокирање на поп-ап прозорчиња;
  • лесно чистење на лични податоци, како што е историјата на сурфањето;
  • подобрена подршка за DHTML;
  • подобрување за веб дизајнерите. Се јавува подршка за SVG, canvas елементи, Java Script 1.6, текстуални колони на CSS3...
За жал, македонската верзија ќе се забави неколку дена. За нестрпливите кои сакаат веднаш македонска верзија, можат да ја симнат xpi датотеката и да ја инсталираат како екстензија.