OOXML одбиен како ISO стандард (ново: веста е потврдена)

Испратено од А.Балаловски во 4 Септември, 2007 - 15:52.
::
microsoft

Иако сеуште нема официјални информации (Има) за гласањето и детали од процесот, првичните податоци говорат дека најверојатно OOXML НЕ Е одобрен како ISO стандард. Доколку оваа вест се потврди, ќе биде пријатно изненадување за сите кои беа во исчекување на резултатите, и само уште една потврда на мислењето за тие кои беа сигурни во негативниот став на ISO конзорциумот.

Обединетото Кралство гласало против, исто како и Ирска, Канада, Чешка и Кореа. Малезија била воздржана, додека (поради некоја сеуште нејасна причина) гласот на Унгарија сеуште не е објавен во списокот на гласовите.

И покрај многуте неправилности кои се појавуваа во неколку европски земји, а поврзани со крајните одлуки на нивните тела за стандардизација, се чини дека конечно Microsoft го добива тоа што го заслужува - неодобрување на полу-слободни формати како ISO стандарди, со обемна спецификација и други проблематични аспекти. Од Microsoft пак јавуваат за глобално прифаќање на нивниот формат како ISO стандард (на начин на кој само нивниот PR функционира) и најавуваат дека ќе добијат одобрение во втората рунда од процесот на гласање. Дополнителни информации во врска со текот на гласањето и конечниот исход ќе има за скоро.

Други извори: Groklow, NOOXML,