MPlayer v0.90
Испратено од dec0der во 9 Април, 2003 - 21:18.
::

Пред некое време испратив линк на текст, за тоа колку Линуксоидите немаат соодветен Мултимедијален плеер кој би доаѓал спакуван во секоја Линукс дистрибуција. Добро е што не беше објавен на странава, бидејки денеска прочитав демант на тој текст, поврзан со излегувањето на новата верзија на MPlayer 0.90 кој претставува софтвер за работа со речиси сите потребни Мултимедијални формати: MPEG, VOB, AVI, OGG/OGM, VIVO. Исто така поддржува и голем број излезни драјвери. Работи со X11, XV, DGA, OpenGL, SVGAlib, fbdev, AAlib, DirectFB, но има некои надградби кои треба да се инталираат за некои дистрибуции. Проверете дали вие треба да ги инсталирате нив. Подетални информации на Официјалната страна.
- Најавете се за да испраќате коментари




