KDE 4.0.1 и KDE 4.1

Не помина цел месец од излегувањето на KDE 4.0, а за неколку дена ќе ја видиме новата подверзија KDE 4.0.1 со подобрувања и закрпи за грешките во работната околина.
Во текстов се зборува и за KDE 4.1, и за тоа дека тој се очекува кон крајот на Јули.
Бонус: Интервју со Себастијан Куглер, дел од тимот за развој на KDE4.
- Најавете се за да испраќате коментари
Ubuntu Hardy Heron 8.04 alpha4

Излезе четвртата алфа верзија на Ubuntu/Kubuntu Hardy Heron, 8.04. Оваа верзија ќе биде со долгорочна поддршка (3г. за десктоп и 5г. за серверската верзија) и најавува навистина интересни новитети преку кои работата со GNU/Linux ќе биде задоволство за сите. Покрај стандардните поправки на пропусти, грешки и дополнувања во функционалноста, ќе има и визуелни подобрувања преку нови теми и бои на интерфејсот во Ubuntu, додека Kubuntu од верзија 8.04 почнува да користи KDE 4.0.0 како своја стандардна работна околина.
Краток преглед на новитетите кои ќе ги видиме во новата верзија во април можете да видите овде, а слики од екранот овде.
- Најавете се за да испраќате коментари
Користете го терминалот за да добиете корисни информации за вашиот систем

Имате проблеми, правите надградби или само сте љубопитни? Дознајте што имате на компјутерот без да го отштрафувате куќиштето. Со помош на овие команди можете да добиете детали за вашиот хардвер и дистрибуцијата.
(Тестирани од оригиналниот автор на Ubuntu 7.10, но би требало да работат на секоја GNU/ Linux дистрибуција. Сиот софтвер е вклучен во основната инсталација на Ubuntu, освен ако не е поинаку назначено.)
Графичка карта:
glxinfo - детали за OpenGL, Xserver-от и графичката карта
glxinfo | grep direct - дали имате директно 3d рендерирање?
glxinfo | grep vendor - производител на графичка карта
lspci | grep VGA - специфичен модел на графичка карта
glxgears - едноставен тест за 3d
xrandr - поддржана резолуција на екранот
Аудио:
lspci | grep Audio - аудио контролер
aplay --list-devices - повеќе информации за уредот за аудио
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
Nokia го купува Trolltech

Nokia и Trolltech најавија дека Trolltech ќе биде купен од Nokia. Trolltech исто така испрати отворено писмо до заедницата на KDE, преку кое се повикува целата заедница на брејнсторминг со идеи и предлози за зделката која е во процедура. Nokia порача дека ќе остане на курсот на Trolltech, ќе ја поддржува заедницата на слободен софтвер, а веројатно и ќе стане патрон на KDE, исто како што беше и Trolltech. Исто така Nokia останува на патот на Trolltech следејќи го двојно-лиценцниот модел што компанијата го применуваше и досега.
Сето ова може да значи голема поддршка за тулкитот кој се користи нашироко низ светот, дуплирање на апликациите кои се базирани на Qt и уште еднаш го покажува степенот на развој на бизнис моделите кои за основа го зеле слободниот софтвер.
- Најавете се за да испраќате коментари
Топ 5 слободни игри

Листа на 5 најдобри слободни игри, некои од нив повеќе-платформски и навистина забавни.
Нас најголем впечаток ни остава Alien Arena и Battle for Wesnoth, како најзаразни. За некои од нив не Ви е потребна ни 3D акцелерација.
- Најавете се за да испраќате коментари
Направете си Ваша GNU/Linux дистрибуција

Интересен текст во кој се објаснува како секој корисник може да си направи своја GNU/Linux дистрибуција. Се става акцент на создавањето дистрибуција од корен (Linux from scratch) и на тоа што се пропратно треба да изградите за да имате квалитетна дистрибуција. Доколку Вашата дистрибуција е јавна, треба да имате тим на развивачи кои ќе ја одржуваат, треба да пишувате документација и да обезбедите начин за нудење поддршка на корисници.
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе Joomla 1.5

- Најавете се за да испраќате коментари
Trolltech ја објави Qt платформата под GPL v3

Норвешката компанија Trolltech за време на одржувањето на конверенцијата, посветена на развивачите ана софтвер кои ја користат Qt платформата објави дека ќе ја прифати GNU Јавната општа лиценца верзија 3 за понатамошните верзии на Qt почнувајќи од Qt4. Веста ја пренесе извршниот директор на Trolltech Хавард Норд.
Оваа вест беше пречекана со аплауз и одобрување како во салата, така и ширум интернет мрежата. Одлуката меѓу другото ќе овозможи неодамна издадената KDE 4.0, работна околина, или барем делови од неа да бидат издадени по GPL v3, изјави челникот на GNU и фондацијата за слободен софтвер, Ричард Сталман.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе
SimCity е слободен софтвер

Оригиналниот SimCity (сега насловен Micropolis поради трговската марка на името) е издаден под GLP 3 со цел да стане дел од софтверот кој е достапен на OLPC XO.

Повеќе информации кај Дон Хопкинс - кој е еден од оригиналните автори: врска.
- Најавете се за да испраќате коментари
KDE 4.0

Веќе е расположлив за неколку познати дистирбуции како Kubuntu, Debian experimental branch,
openSuse и arkLinux.







