Вовед во Perl

Од серијата упатства што ги донесуваме од Вики за слободен софтвер, овојпат ви го претставуваме Основи на Perl.
Што е Perl?
„Perl е програмски јазик, првенствено направен за манипулација со текст, а денес се користи и за други операции како системска администрација, веб развивање, мрежно и програмирање на графички алатки.
Јазикот е направен да биде практичен, лесен за користење, ефикасен, комплетен, а во исто време е мал, елегантен и минимален. Негова главна предност е тоа што е лесен за пишување, поддржува процедурално и објектно-ориентирано програмирање, има вградени алатки за текст обработка и има еден од светските најимпресивни колекции на модули...“ (од општата содржина за Perl)
Надгледување на уредите

Со надгледувањето на работата на дисковите можете да имате преглед што се случува на вашиот систем, кој процес ги црпи ресурсите на дискот и во каква состојба е дискот во моментот. На тој начин ќе можете да го продолжите животот на вашите дискови, со тоа што ќе реагирате секогаш кога ќе се појави некој проблем.
- Најавете се за да испраќате коментари
OGG како алтернатива на Mp3

Видео во кое се дискутира што е OGG и зошто треба да се користи овој отворен формат наспроти неслободниот Mp3 формат. Повелете:
- Најавете се за да испраќате коментари
Споредба на ATI слободниот и неслободниот драјвер

Од неодамна ATI објави драјвер за GNU/Linux кој поддржува и AIGLX. Дотогаш со користењето на неслободниот драјвер, можевте да имате 3D работна околина само преку користење на XGL серверот.
Phoronix постојано го прати развојот на видео драјверите, особено му посветува внимание на новиот слободен RadeonHD драјвер. Овојпат објавија содржина во која се споредуваат драјверите на ATI и RadeonHD при користење на AIGLX. Интересни резултати, имајќи го во предвид раниот развој на RadeonHD.
- Најавете се за да испраќате коментари
Компјутерите на Dell со Ubuntu се поскапи од оние со Windows или не?

Авторот вели дека од слично конфигурираните Inspiron 1420 (Windows) и Inspiron 1420N (Ubuntu) лаптопи, поефтини се тие со Windows.
Некои од коментарите сепак отркиваат и други детали.
Повеќе на ITWire: врска.
- Најавете се за да испраќате коментари
Првите 100 000 зелени лаптопи за децата од Уругвај

- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе GIMP 2.4

После речиси три-годишен развој од излегувањето на GIMP 2.2, програмерите го објавуваат GIMP 2.4. Белешките за изданието можете да ги прочитате овде. Новитети има многу, како прво што се забележува е прекрасниот изглед на интерфејсот, па редизајнот на некои алатки. Има нова алатка за избираање на предниот дел од графиката, како и алатка за порамнување на сликата, реорганизирани се менијата за слоевите, подобрување има и во алатките за зголемување на сликата. Изворниот код може да се симне од (исто така редизајниранот) сајт на GIMP.
- Најавете се за да испраќате коментари
Пет години Слободен софтвер Македонија

На 28.10.2007 година навршуваат 5 години од основачкото собрание на Слободен софтвер Македонија и нешто повеќе години од активности поврзани со слободен софтвер.
По тој повод ќе организираме забава во Клубот на новинари во сабота 27.10.2007. Почетокот е околу 21:30 часот. Забавата е од отворен тип, а ние ќе пуштаме музика и ќе проектираме материјали од изминатите активности.
Ќе ни биде посебно задоволство доколку го одбележиме овој ден заедно со сите луѓе што имаат допирни точки со слободниот софтвер и слободната култура.
Мапата е тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Македонски сервер огледало за Ubuntu 7.10

- Најавете се за да испраќате коментари
Gimpshop - Photoshop шминка за The Gimp

- Најавете се за да испраќате коментари




