Како да го замените Windows со Ubuntu Linux

Испратено од А.Балаловски во 22 Октомври, 2007 - 11:17.
::
Ubuntu

И покрај тоа што на Вики постои статија која треба да ве насочи за безболна миграција кон Ubuntu Linux, Ви ја донесуваме и оваа содржина, (анг.) How to replace Windows completely with Ubuntu. Послушајте го дечкото, паметен е!

Нинџи го нападнале Ричард Сталман... од стрип во живо

Испратено од Новица во 21 Октомври, 2007 - 11:09.
Минатата недела студенти на Јеил облечени како нинџи извеле смешен напад врз основачот на Фондацијата за слободен софтвер Ричард Сталман. Нападот бил базиран на епизода од незаборавниот веб стрип xkcd.  Сталман бил на Јеил за да држи говор за DRM се соочил со нинџите со „хумор и грациозност“. Видено на BoingBoing. Врска до стрипот. Врска до политичкиот блог на Јеил.

Ubuntu 7.10

Испратено од А.Балаловски во 19 Октомври, 2007 - 13:25.
::
Ubuntu

Со мало задоцнување Ве известуваме дека вчера излезе Ubuntu 7.10, и сите верзии од неговата фамилија. Ubuntu 7.10 Desktop Edition има подобрен интерфејс, подобра поддршка за хардвер, справување со некомпатибилни компоненти и неслободни драјвери како и поквалитетна можност за 3D работна околина. Нови верзии има и од Kubuntu и Edubuntu, како и од серверската верзија на Ubuntu.

Прегледи: 1 и 2.

KDE4, трета бета

Испратено од А.Балаловски во 18 Октомври, 2007 - 19:04.
::
kde

Проектот KDE оди сигурно кон следната голема официјална верзија на KDE4. На почетокот на 2008ма се очекува да се случи и тоа, а на патот до таму уште неколку бета верзии и кандидати за изданието. Така и со KDE4, beta 3 изданието. Од KDE велат:

Оваа бета најмногу е фокусирана на завршување на дизајнот на библиотеките и подготовка за изданието на платформата за развој на KDE (KDE Development Platform). Сепак, многу видливи измени се направени и можат лесно да се забележат во оваа верзија на KDE4. Покрај новитетите и новите можности на KDE4, поправени се и многу пропусти и грешки во софтверот и стабилноста на бета 3 е значително зголемена во однос на претходните бета верзии. Со ова се означува почетокот за финализирање на KDE4.

OSI одобри две лиценци на Microsoft

Испратено од А.Балаловски во 18 Октомври, 2007 - 18:50.
microsoft

Многу очи и усти останаа ширум отворени на неодамнешната одлука на OSI со која се одобрија две лиценци на гигантот кој сите овие години е во постојана борба со движењето за слободен софтвер. Имено,  делувајќи според советите на советот за одобрување на лиценци при OSI, бордот одобри две лиценци на Microsoft, и тоа: Microsoft Public License и Microsoft Reciprocal License. Одлуката за одобрување е донесена со консензус од заедницата на слободен софтвер и со нејзино знаење, што значи дека лиценците ги задоволуваат 10те критериуми на дефиницијата за „софтвер со отворен код“ (open source).

Како што и најавивме, некои одлуката ја сметаат за добра и чекор кон ослободување на Microsoft-овите кодови, некои пак за бизарна и со двојна умисла. Ќе видиме, ќе видиме...

Red Hat Global Desktop во ноември

Испратено од Арангел во 14 Октомври, 2007 - 11:32.
::
redhat

Базиран на RHEL 5.1, главно наменет за влади и мали бизниси, со сите потребни мултимедијални кодеци од Fluendo, Red Hat ќе ја објави новата верзија на нивниот оперативниот систем наменет главно за работни станици. Уште од сега е јасно дека RHGD нема да претставува конкурент на Ubuntu или Windows а тоа го потврдува и вклучувањето на застарената верзија на GNOME 2.16 во оваа дистрибуција.

Ако ве интересира повеќе кликнете тука.

12 совети и финти за корисниците на KDE

Испратено од А.Балаловски во 11 Октомври, 2007 - 10:18.
::
kde

Иако искусните корисници и обожаватели на KDE овие совети веќе ги знаат одамна, оваа содржина за новите во светот на KDE нуди 12 финти кои можете да ги примените за поквалитетно искористување на работната околина.

Нарачајте си U/K/Edubuntu Gutsy, 7.10

Испратено од А.Балаловски во 9 Октомври, 2007 - 22:08.
::
Ubuntu

Ubuntu проектот, во духот на претходните изданија на крајните корисници им нуди можност за нарачка на нивната омилена дистрибуција преку Интернет, со што одредена количина дискови ќе бидат испорачани на домашната адреса на нарачателот/корисникот.

Иако Edgy (верзија 6.10) не можеше да се нарача онлајн, тоа за серијата Gutsy Gibbon не важи. Ubuntu, Kubuntu и Edubuntu GNU/Linux може да се нарачаат од нивните соодветни сајтови, и покрај тоа што нема официјална верзија на дистрибуцијата:

Xubuntu сеуште не е поддржана дистрибуција со оригинални дискови, но изданието е во тек со останатите изданија, такашто со излегувањето на трите горенаведени верзии се очекува Gutsy Gibbon и од Xubuntu. Остануваат уште 8 дена.

Уругвај, прва владина нарачка на OLPC

Испратено од А.Балаловски во 9 Октомври, 2007 - 22:00.
::
OLPC
Деновиве од Јужна Америка доаѓаат убави вести. Имено, владата на Уругвај ги објави овие резултати од истражувањето кое било напревено за да се испита можноста од искористување и владина нарачка на XO (OLPC) компјутери за потребите на земјата. Истовремено била разгледана и можноста за имплементација и нарачка на Classmate PC. Се очекува за скоро да се потпише договор помеѓу претставници на OLPC и Уругвај со што ќе бидат нарачани најмалку 100.000 парчиња XO компјутери.

Излезе Mandriva 2008

Испратено од А.Балаловски во 9 Октомври, 2007 - 21:49.
Mandriva

Mandriva 2008 е достапна за симнување преку официјалната страница на дистрибуцијата. Известување за изданието може да прочитате овде, како и листа со сервери од каде што можете да симнете ISO слики.

Оваа верзија вклучува последни верзии на голем број софтвер и подобрување во однос на претходните верзии. Има KDE 3.5.7, GNOME 2.20, а исто така и Linux 2.6.22.9. За поголемо уживање и за љубителите на 3D работна околина, како и во речиси сите модерни дистрибуции, оваа верзија нуди можност за работа со Compiz Fusion и Metisse.