Прегледи

Преглед: Fedora Linux 7

Испратено од А.Балаловски во 9 Август, 2007 - 19:50.
Прегледи

Преглед на последната верзија на популарната дистрибуција, Fedora Linux.

Ако сте корисник на Fedora, крајот на мај значи само едно нешто, време за ново издание! Оваа година не беше ништо поразлична. Проектот Fedora продолжува со исполнување на распоредот на издавање, со изданието „Moonshine“.

Кај нас во тек е процес за популаризација на Fedora Linux преку нејзино локализирање и издавање на верзија погодна (преку нејзино изменување) за македонските корисници на GNU/Linux. Разделување на бесплатни дискови треба да се случи во средината на септември, за денот на слободен софтвер.

Лек за секојдневните фрустрации - OpenOffice Writer

Испратено од Riste Pejov во 30 Јуни, 2004 - 19:14.
Прегледи
Незнам колкумина се запрашале што е првото нешто што асоцира на персонален сметач, но сигурен сум дека одговорот лежи во подготовката на документи, табеларни пресметки, презентации, и секако интернет. За некого поимот персонален сметач е тесно поврзан со Микрософт Виндоус и како на сите нас добро познатиот Микрософт Ворд. Сепак сите ние имаме слобода да користиме каква сакаме апликација за подготовка на нашите документи, презентации, веб страни и слично.

Fedora Core 1

Испратено од ufo во 7 Октомври, 2003 - 19:07.
Прегледи

Само што инсталирав Fedora Core 1 (Yarrow). Fedora Linux би требало да претставува продолжение на Red Hat Linux 9, односно Red Hat 9.x или 10. Преку овој краток преглед ќе се обидам да ви ги пренесам моите импресии од Fedora Core 1...

Ја користев првата бета на Fedora веќе два месеца и иако бев доста запознаен со новините што требаше да дојдат со објавувањето на финалната верзија, морам да признаам дека многу работи во Core 1 ми дојдоа како изненадување.

Fedora можете да ја преземете од ftp серверот на red hat или од некој од следниве mirror сервери.

Да почнеме од инсталацијата. Fedora користи, ајде да речам „федоризирана“ верзија на red hat anaconda инсталерот. Инсталацијата помина без проблеми. За разлика од rh9, со Fedora на крајот добив и конфигурирана ATI Radeon Mobility U1 графичка картица. Доста фино земајќи в предвид дека во rh9 и Debian се испомалтретирав за да подигнам X!

По успешно завршената инсталација, доаѓа „firstboot“. Оние од вас кои што користеле red hat 8 и 9 сигурно се запознаени со „firstboot“. За оние што не се запознаени: „firstboot“ е апликација која што се стартува веднаш по инсталацијата, значи на првото подигнување на веќе инсталираниот систем, и ви помага при додавањето на корисници на системот, конфигурирање на звучната картица, додавање на додатен софтвер итн.

Mozilla конечно стигна до 1.0

Испратено од ufo во 30 Јули, 2002 - 19:14.
Прегледи
Mozilla се развива како open-source проект повеќе од четири години, и сега конечно е спремен да се соочи со сите предизвици. Доста интересно е што Mozilla не е првиот Интернет прелистувач што е базиран на Mozilla engine-от. Други прелистувачи (browser-и) што го користат кодот на Mozilla се Netscape, како и Internet Explorer... Кратка Историја: Mozilla движењето се јавува во 1998 година од страна на тогаш-независниот Netscape. Уште тогаш, Netscape се натпреваруваше со Microsoft и неговиот Internet Explorer. За да се добие битката Netscape дури беше стигнат до степен да го направи достапен и бесплатен кодот на сите негови корисници. Но тоа не се случи, Netscape заостана се до верзијата 6.0, која денес преставува еден од најдобрите прелистувачи. Како и да е половина од екипата што работеше на Netscape продолжи со развивање на Mozilla. Еден од главните програмери во проектот и ден денес е вработен во Netscape.