Linux
Излезе Linux 2.6.26

Неодамна излезе новата верзија на Linux јадрото, верзија 2.6.26.
Има многу повеќе драјвери, зголемена поддршка за OLPC, поддршка за x86 PAT, PCI Express ASPM итн. Официјално известување можете да прочитате овде, а повеќе детаљи за измените овде.
- Најавете се за да испраќате коментари
Направете си Ваша GNU/Linux дистрибуција

Интересен текст во кој се објаснува како секој корисник може да си направи своја GNU/Linux дистрибуција. Се става акцент на создавањето дистрибуција од корен (Linux from scratch) и на тоа што се пропратно треба да изградите за да имате квалитетна дистрибуција. Доколку Вашата дистрибуција е јавна, треба да имате тим на развивачи кои ќе ја одржуваат, треба да пишувате документација и да обезбедите начин за нудење поддршка на корисници.
- Најавете се за да испраќате коментари
NYSE преминува на Linux


Извори:
Computer world
Enterpriselinux
- Најавете се за да испраќате коментари
Што да очекуваме од Linux во 2008г?

Авторот на Linux јадрото, Линус Торвалдс во интервју за InformationWeek даде краток осврт на тоа што можеме да очекуваме од Linux во 2008г. Најмногу напори ќе бидат сконцентрирани врз видео-поддршката, безжичните уреди и тврди дека јадторо има значаен напредок во областа на виртуелизацијата, иако самиот тој не се интересира многу во таа област.
Целото интервју можете да го проследите овде.
- Најавете се за да испраќате коментари
Која е твојата омилена Linux дистрибуција?

- Најавете се за да испраќате коментари
Компатибилност на хардвер

Frederic Lapied, ентузијаст кој веќе подолго време придонесува за развојот на слободниот софтвер, деновиве на Интернет објави проект кој има за цел собирање информации и податоци за компатибилни и некомпабитилни хардверски компоненти на одредени GNU/Linux дистрибуции. Со тоа ќе се создаде база со информации за компатибилен хардвер кој Linux јадрото го поддржува.
На сајтот се вели: „компонентите се рангирани според нивната компатибилност со Linux. Ќе забележите бројки како 4.5x2 за рангираните компоненти. Тоа значи дека главната оценка за компонентата е 4.5 и дека двајца ја забележале оваа компонента“. Скалата на рангирање е од -5 до 5.
Linux, како во „Хаста ла Виста“

Се повеќе и повеќе содржини се појавуваат кои покажуваат успех на GNU/Linux. Дали се работи за прифаќање од компании, универзитети, индивидуалци и групи, или едноставно содржини кои велат дека GNU/Linux е најдобар избор за Вашите компјутерски потреби. И мораме да забележиме уште еден скромен но многу моќен детаљ, секоја година е сѐ подобра и подобра за десктоп состојбата на GNU/Linux.
Во оваа статија се зборува нешто слично.
„Linux овозможува вашиот компјутер да работи побрзо, не паѓа, не се заразува со вируси и е слободен! Една цела декада беше достапен за професионалци да го инсталираат самите. Но сега, омилениот систем на гиковите доаѓа кон масите.“
Содржината се задржува на изборот на неколку значајни компании да нудат платформски решенија за крајни корисници кои користат GNU/Linux дистрибуција, како што се Dell, HP итн.
GNU/Linux во Airbus A380

Патниците на Singapore Airlines Ltd. ќе имаат многу позабавен лет во иднина. Како? Компанијата вградува екрани на кои ќе се емитуваат филмови, како и компјутери за потребите на патниците, и погодете што? Ќе користат RedHat Linux. Компјутерот со GNU/Linux во Airbus A380 ќе биде поставен на секое седиште.
Анатомија на Linux мрежниот стек

Кога корисникот и развивачот на софтвер има пристап до изворниот код на некоја апликација или систем, во случајов целото Linux јадро, тој може директно да учи за функционирањето на поединечни делови од него.
IBM секогаш објавуваат прекрасни упатства поврзани со GNU/Linux. Овојпат ја објаснуваат анатомијата на мрежниот стек на Linux јадрото.
LinuxWorld Expo 2007 извештај






