OpenOffice
Излезе OpenOffice 3.0
Среде досега невидена побрарувачка за некој канцелариски пакет, развојниот тим на OpenOffice и заедницата на програмери ширум целиот свет ни ја испорачаа верзијата 3.0.
Моментално страницата е под опсада од многубројните корисници кои се обидуваат да ја симнат најновата верзија од нивниот омилен слободен канцелариски пакет.
Повелете и вие.
- Најавете се за да испраќате коментари
OpenOffice.org 3.0 Beta 2
OpenOffice.org ја дочека својата нова бета верзија пред официјалното главно издание на OpenOffice.org 3.0.
Новитети во оваа бета се неколку. Управувачот за екстензии вклучува можност за уредување на речниците, како и редица други подобрувања на различни модули. Повеќе информации има овде, а симнување овде.
- Најавете се за да испраќате коментари
OpenOffice 2.4
Излезе последната верзија од серијата 2 на OpenOffice.org. Следна верзија ќе биде 3.0. Оваа верзија доаѓа со многу нови можности и поправки на грешки. Симнување на македонска верзија тука.
Плус одлична презентација на новите можности на OO.org 2.4.
- Најавете се за да испраќате коментари
OpenOffice.org 2.3
Излезе OpenOffice.org 2.3, издание кое ги спојува новите можности вклучени во пакетот како и голем број поправени грешки и пропусти. Детали од изданието има тука, со листа на сите новитети што оваа верзија на OpenOffice.org канцеларискиот пакет ги нуди.
OpenOffice.org е преведен на македонски, можете да го симните овде.
IBM се вклучува во развојот на OpenOffice.org
IBM ќе се приклучи кон заедницата на развивачи на OpenOffice.org и ќе придонесува со програмски код и ресурси кон овој проект, објавуваат од IBM. Оваа компанија веќе одамна го поддржува слободниот софтвер, особено кога станува збор за слободни стандарди и отворени формати како ОДФ, кој потекнува од OpenOffice.org проектот.
IBM сака да помага да се дојде до подобар канцелариски пакет кој ќе понуди уште подобри перформанси од тековните со што ќе се забрза вклучувањето на OO.org во владите, образовните институции итн.
Од IBM одлучија 35 свои развивачи од кинескиот развоен центар на компанијата да почнат да работат исклучиво на OpenOffice.org. Прекувремено ќе придонесуваат код, ќе работат на подобрување на употребливоста и можностите за пристапност до OO.org, со што ќе се подобри целиот квалитет на канцеларискиот пакет.
Излезе OpenOffice2.2
Вчера излезе OpenOffice2.2. Подобрувања има многу, но прво што ќе забележите е подобреното прикажување на текст во сите делови на апликацијата. Тоа се должи на тоа што во поранешните верзии опцијата kerning, техника за подобрено прикажување на пропорционалните фонтови, не беше преддефинирано овозможена додека сега е. Исто подобрен е и извозот во pdf формат, кој сега подржува обележувачи и формулари и многу други.
Целосниот список на промени го има на белешките за изданието и на соопштението за печат.
Симнување на македонска верзија тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе OpenOffice.org 2.1
Вчера излезе OpenOffice.org 2.1. Оваа верзија донесува повеќе нови можности меѓу кои најважни се:
Апликацијата за презентации Impress сега подржува повеќе монитори, со можност презентаторот да избира на кој монитор ќе ја прикаже презентацијата.
Апликацијата за табеларни пресметки Calc има подобрен извоз во HTML формат, преку користење на стилови за подобро прикажување на оригиналната табеларната пресметка во прелистувачот.
Апликацијата за база на податоци Base, има бројни подобрувања, вклучително и подобра поддршка за Microsoft Access.
Полуларниот Quickstarter е достапен сега и за GNU/Linux корисниците како GTK апликација.
Симнување на македонски верзии за најпопуларните оперативни системи тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Упатства за вас прекрасни луѓе
Вредните луѓе од Фондацијата Метаморфозис ги превеле документите и упатствата за работење со OpenOffice.org на македонски јазик.
Сепак изгледа дека заборавиле да ги објават во електронска форма, но на начин достапни за секого. Затоа еве ги овде, во PDF и ODT формат, за сите кои сакаат да научат подобро да работат со OpenOffice, упатства за вас прекрасни луѓе.
OO Base - ODT/PDF
OO Calc - ODT/PDF
OO Impress - ODT/PDF
OO Writer - ODT/PDF
Цело упатство - PDF
Излезе OpenOffice 2.0.4
Во петок 13.10.2006 година, точно на шестиот роденден на OpenOffice.org излезе верзијата 2.0.4.
Оваа верзија е последна од 2.0 серијата, следната верзија ќе биде 2.1.
Во оваа верзија има многу поправки на грешки, како и многу нови функции, како што е подобрено создавање на PDF датотеки, директен извоз на документи во LateX, нови функции во Calc и Impress и многу други.
Но најважна новина е можноста за користење на проширувања (екстензии) слично како во Mozilla Firefox. Се повикуваат сите заинтересирани развивачи да почнат да развиваат проширувања. Повеќе за проширувањата тука.
Македонски верзии за симнување, тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
Излезе OpenOffice.org 2.0.3
Три месеца од излегувањето на верзија 2.0.2 еве ја и новата подобрена верзија 2.0.3. Оваа верзија е мешавина на нови можности, поправки на грешки и сигурносни закрпки.
Поважни подобрувања се следниве:
Подобрени перфоманси, на пример 23% подобрување во некои операции во Calc;
дополнителни подобрувања во компатибилноста со форматите на Microsoft Office;
нова подобрена интеграција за праќање на датотеки во формат на MS Office како електронска пошта;
поголема контрола при изнесувањето во PDF датотечен формат;
подршка за Intel архитектурата за Mac OS X плус подобрена интеграција во MAC OS X;
вградена проверка за нови верзии.
Полниот список на промени можете да го видите тука.
Во моментов на македонски јазик има верзии само за GNU/Linux и Windows, а за MAC OS X се очекува во наредните 7 дена. Македонските верзии можете да ги симнете од тука.
- Најавете се за да испраќате коментари
- Повеќе





