Fedora

Fedora 9 Sulphur

Испратено од А.Балаловски во 13 Мај, 2008 - 21:30.
::
Fedora

Денес излезе најновата верзија на оперативниот систем Fedora Linux.

Верзијата 9 со кодно име Sulphur првенствено се карактеризира со очигледното присуство на GNOME 2.22, KDE 4, Firefox 3 beta5, OpenJDK, SELinux, Package-kit пакет менаџер фронтенд на yum и многу други новитети. Се разбира има голем број поправени пропусти и закрпи. И оваа верзија можете да ја симнете од делот за симнување (преку http/ftp/torrent) и да ја пробате самите. Белешки за изданието.

Fedora во НАСА

Испратено од А.Балаловски во 28 Февруари, 2008 - 21:50.
::
Fedora

Последно време се појавија Интернет гласини кои велеа дека во НАСА на големо се користи Fedora Linux. Тоа дека големи државни институции од светот користат некоја GNU/Linux дистрибуција не е ништо чудно. Одамна знаеме за користењето на GNU/Linux во NSA, националната агенција за безбедност на САД од каде произлезе и проектот SELinux, а овојпат авторот нѐ запознава со „внатрешноста“ на НАСА каде на многубројните фотографии се гледа користењето на RHEL и Fedora.

Интересна содржина, препорачана за секој.

Fedora инсталирана над 50.000 пати!

Испратено од А.Балаловски во 13 Ноември, 2007 - 19:01.
::
Fedora

Според статистиките што RedHat ги води за симнувањето и популаризацијата на десктоп дистрибуцијата која тие ја поддржуваат, а која се развива од заедницата, минатиот викенд Fedora 8, која излезе неодамна, ја инсталирале над 50.000 корисници. Правењето статистики се одвива преку читање на записниците за пристап до yum складиштата, со што се добива претстава колку корисници го користат yum, а со тоа и Fedora.

Кога првпат излезе Fedora 8, пак над 70.000 уникатни беа регистрирани кои пристапиле кон огледалата за симнување.

Fedora 8

Испратено од А.Балаловски во 9 Ноември, 2007 - 13:39.
::
Fedora

Fedora 8 веќе се наоѓа на многуте серверски огледала ширум светот, а и ние имавме прилика да ја тестираме.

Новитети: нов изглед (изгледа прекрасно), апликација за инсталирање на кодеци, можност за онлајн GNOME интеграција, поддршка за Compiz и Compiz-Fusion, подобрувања на поле на безбедноста и стабилноста, најново јадро итн. Белешки за изданието.

ЗАБЕЛЕШКА: За корисниците на македонската локализација, има пропуст во инсталерот на Fedora (кој е пријавен уште од Fedora 7, но за жал не е поправен), па така кога инсталирате изберете англиски (или друг јазик кој го разбирате).

Бонус: Упатство за инсталирање на Fedora 8 (англиски).

Федора кор 4

Испратено од Арангел во 13 Јуни, 2005 - 21:38.
::
Fedora
Излезе Федора кор 4. Торент тука, преземање на друг начин тука. Се на се закон издание. Светнат Гном 2.10, КДЕ 3.4 и уште еден куп нови апликации и подобрувања спакувани на 4 CD-иња (или пак едно DVD, за оние што имаат DVD режачи ;)). Епа, навали народе!

Неткрафт: Федора е најбрзо-растечка ГНУ/Линукс дистрибуција

Испратено од Арангел во 17 Март, 2005 - 14:14.
::
Fedora
Според истражувањето наменето да покаже кои дистрибуции се користат како веб сервери во последно време, спроведено од страна на Неткрафт, најбрзо-растечка дистрибуцијата во моментов е Федора. Федора е дистрибуцијата која што ја започна Ред хат а продолжи да ја развива заедницата. Според анкетата Федора ги надминала сите нејзини ривали за само 6 месеци. Графите кои што го објаснуваат сето ова подетално можете да ги најдете тука.

Федора Кор 4: тест 1

Испратено од Арангел во 16 Март, 2005 - 15:28.
::
Fedora
Првата тест верзија на Федора Кор 4 е веќе достапна за преземање на FTP серверите на Ред хат. Новитети во Федора Кор 4 се „GCC 4.0“, Гном 2.10, КДЕ 3.4 како и поддршка за „PPC (PowerPC)“ архитектурата. Директно преземање тука. Торенти тука. Грешки можете да пријавувате преку „Bugzilla“.

Водич за ГНУ/Линукс на работната околина

Испратено од ufo во 19 Септември, 2004 - 22:32.
::
Fedora
Интернационалната мрежа на корисници на слободен софтвер и софтвер со отворен код со помош на УНДП составија прирачник наменет за крајните корисници со мало или никакво претходно искуство со користење на компјутери. Овој прирачник Ви појаснува како да користите Федора за работа со датотеки, користење на Интернет (за прелистување или користење на е-пошта), како да го користите OpenOffice.org па дури и основните команди за школката.

Fedora Core 2

Испратено од ufo во 19 Мај, 2004 - 04:54.
::
Fedora
Точно навреме. Fedora Core 2 сега е и официјално достапна за преземање од серверите на Red Hat како и од останатите mirror сајтови. Новата верзија на Fedora можете да ја преземете и преку torrent.

Fedora Core 2 тест 2

Испратено од ufo во 30 Март, 2004 - 02:25.
::
Fedora
Денес беше објавена втората тест верзија на одличната GNU/Linux дистрибуција, Fedora Core 2. Оваа верзија е специјално објавена за тестирање на SELinux функционалноста, како и за тестирање на 2.6 кернелот, Gnome 2.5 и KDE 3.2.1. Инаку проектот Fedora е резултат на Linux заедницата и Red Hat заедно. Симнете си копија од некој од mirror серверите или пак преку BitTorrent.