Firefox

Промоција на Firefox 3.5

Испратено од Арангел во 3 Септември, 2009 - 14:54.
::
Firefox

Mozilla Македонија е заедница од луѓе кој веруваат во моќта на технологијата со цел подобрување на животот. Се залагаме за подобрување на искуството додека се наоѓате на глобалната мрежа – Интернет. Проектитие кои ги промовираме се Open Source што значи кодот е слободен за користење од страна на секого, и до сега е употребен во голем број иновативни проекти.

Како за пример ќе ја земеме промоцијата на Firefox, интернет прелистувач кој можете да го преуредите според вашите потреби, со цел полесно да пребарувате, и да го направите онаков каков што вие сакате да биде.

Нашето општество претставува виртуелна Mozilla организација која што е независна од вработувања. Водството во организацијата потекнува од почитта: колку што повеќе ќе придонесете во организацијата, поголемо ќе биде Вашето влијание.

Firefox 3

Испратено од А.Балаловски во 17 Јуни, 2008 - 18:07.
::
Firefox

Денес излезе Firefox 3.0.

Честитки за сите корисници на најпопуларниот прелистувач и едно мало потсетување. Ако сте ветиле да го симните Firefox 3.0 со што ќе помогнете регистрирање на гинисов рекорд за најпреземен софтвер, можете да го сторите преку официјалниот сајт за преземање.

Firefox 3 забава во Точка!

Испратено од Арангел во 16 Јуни, 2008 - 12:00.
::
Firefox

Во рамките на објавувањето на Firefox 3, Слободен софтвер Македонија и македонскиот тим за локализација на Mozilla, на 18ти јуни со почеток од 20:00 часот организираат забава во културниот центар Точка. Ден порано, истиот настан се оддржува низ илјадници градови во целиот свет.

Преземете го Firefox 3 утре учествувајте во поставувањето на гинисов светски рекорд за најпреземен софтвер од интернет. Пријавување тука.

Се гледаме во Точка!

Firefox со изглед на други прелистувачи

Испратено од Новица во 27 Ноември, 2007 - 17:50.
::
Firefox

Ако сте некој од оние кои сакаат нивниот Firefox да изгледа како некој друг програм за сурфање или пак сте некој кој сака да му помогне на својот пријател со тоа што неосетно ќе го мигрира од IE на Frirefox, тогаш ова упатсво е за вас: врска.

Упатсвото на Linux.com ќе ви покаже како може лисицата да заличи на Сафари, Опера, Нетскејп...

Firefox 3.0 бета 1

Испратено од А.Балаловски во 20 Ноември, 2007 - 13:52.
::
Firefox

Излезе првата бета верзија на најпопуларниот прелистувач, Firefox, верзија 3.0.

Верзијата не е препорачана за секојдневна употреба, само за развивачи и тестери, затоа што сепак е бета и има пропусти кои може да повлијаат на интегритетот на Вашите податоци.

Симнување овде.

Излезе Фајрфокс 1.5 и на македонски јазик

Испратено од Владо во 10 Декември, 2005 - 20:03.
::
Firefox
Со десет дена задоцнување од појавувањето на верзијата 1.5 на Фајрфокс, денес излезе и верзијата на македонски јазик. Можете да ја симнете од тука. Ако автоматски не ви го прапознае јазикот и оперативниот систем, симнете си ја од тука. Со здравје да си ја користите.

Интернет Eксплорер или Фајрфокс

Испратено од Владо во 8 Декември, 2005 - 09:33.
::
Firefox
Пред една недела ја проверив статистиката на посетите на мојот блог преку Google Analytics и ми се потврди она што го гледам насекаде околу мене, дека Фајрфокс се користи од најголемиот број на интернет корисници (статистиката на блогот во меѓувреме покажува намалување на корисници на ИЕ за уште 4%). Вчера на Оннет имаше објавено врска до видео од анкета за тоа дали луѓето преферираат повеќе Интернет Експлорер или Фајрфокс и зошто. Убедливо поголем беше бројот на Фајрфокс корисници. Битката околу интернет прелистувачите е добиена. Одиме на следната, десктоп корисници. ;-)

Излезе Мозила Фајрфокс 1.5

Испратено од Владо во 30 Ноември, 2005 - 08:57.
::
Firefox
Денес конечно излезе верзијата 1.5 на Фајрфокс. Извадок од новостите во неа:
  • Автоматско ажурирање со нови верии, па сега нема веќе потреба за целосно симнување на новата верзија, се симнуваат само промените;
  • побрза навигација на прелистувачот, со преработени Напред/Назад функции;
  • повлечи/испушти преуредување на јазичињата во прелистувачот;
  • подобро блокирање на поп-ап прозорчиња;
  • лесно чистење на лични податоци, како што е историјата на сурфањето;
  • подобрена подршка за DHTML;
  • подобрување за веб дизајнерите. Се јавува подршка за SVG, canvas елементи, Java Script 1.6, текстуални колони на CSS3...
За жал, македонската верзија ќе се забави неколку дена. За нестрпливите кои сакаат веднаш македонска верзија, можат да ја симнат

Идеи за реклама на Фајрфокс

Испратено од Владо во 24 Ноември, 2005 - 11:09.
::
Firefox
Кога излезе Фајрфокс 1.0, беше проследен со масивна рекламна кампања во која меѓу другото беше објавена реклама во Њујорк Тајмс на цела страница. Сега пред излегувањето на верзијата 1.5 се планира рекламирањето да се прошири на помасовни медиуми како што е телевизија. Се планира креирање на рекламен спот за Фајрфокс. Затоа сите кои имате паметни идеи што да има во спотот, како да изгледа или имате во глава цело сценарио одете на SpreadFirefox и искажете се.

Среќен роденден кума лисо

Испратено од Владо во 10 Ноември, 2005 - 12:23.
::
Firefox
Вчера на 09.11.2005 се наврши една година од излегувањето на првата официјална верзија на огнената лисица. Од тогаш ја имаат преземено 106,4 милиони пати, што според едни е 8,65%, а според други дури 11,5% од светскиот пазар. За неколку недели ќе излезе и втората главна верзија 1.5 која веќе се тестира од околу 500.000 корисници. Ако сакате да бидете еден од нив симнете си ја од тука. Верзијата 1.5 носи со себе многу подобрувања меѓу кои нај главни се автоматско ажурирање со кое веќе нема да морате да го симнувате целиот пакет на Фајрфокс кога ќе излезе нова верзија, побрзо исцртување на страниците, сигурносни поправки... За наредниот период се најавува агресивен развоен циклус, така да во средината на 2006 ќе имаме веќе Фајрфокс 2, а Фајрфокс 3 ќе излезе во првата четврина на 2007 година. Не знам кој друг софтвер направил таков пробив во светски рамки за толку кратко време, а вие?